Каменичката деветолетка ги прогласи првенците на генерации за учебната 2023/24

Каменичката деветолетка “Св. Кирил и Методиј” прогласи првенци на генерации од IV до IX одделение.

Според објавеното од училиштето, првенец на генерацијата во IV одделение е Леа Маркова. Дамјан Стоименовски е орвенец на генерација во V одделение, а првенец на генерација во VI одделение е Јана Петровска.

Првенец на генерација во VII одделение е Марија Стоименовска, кај осмооделенците за првенец на генерацијата е прогласен Филип Ангелов.

Претходно, училиштето ја прогласи Јана Димитровска за првенец на генерацијата кај полуматурантите односно во IX одделение.

Наградите и признанијата за најуспешните ученици во учебната 2023/24 при ООУ “Свети Кирил и Методиј” беа доделени од директорот на училиштето Виктор Гергиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *