ИТАЛИЈАНСКАТА ОБЛАСТ “ПИЕМОТЕ” ИМА ПОВЕЌЕ ОД 10 000 СТАРОСЕДЕЛЦИ СО ПОТЕКЛО ОД КРАЈНИОТ ИСТОК НА МАКЕДОНИЈА

Општините од Истокот се повеќе се празнат, а нашите деца како втора генерација иселеници , веќе со странски пасоши , навики и иднина, ја градат својата иднина во Европа.

Само во италијанската област Пијамонте, се проценува дека живеат околу 10.000 жители иселени од источниот регион на државата.

Со овие, за нас, поразителни бројки располага Македонското друштво „Камен мост“ од Канели, кое над пет години работи на обединување на нашинците во Италија:

  • Ние располагаме со информација за бројка од околу 10.000 Македонци само во тој регион. Тоа се луѓе кои главно работат во земјоделие и градежништво, а веќе имаме и втора генерација деца кои се запишувата на факултети, кажа Ивона Захариева, прет. на Здруж. „Камен мост“ – Канели, Италија.

Миграцијата од истокот кон Европа, особено Италија секојдневно се зголемува, особено во време на сезонски работи, па најавите на Земјоделскиот синдикат на Италија за отворање на свое претставништво во Македонија, беше дочекано со радост:

  • Тоа е одлична можност за оние кои сакаат да доаѓаат, зашто сега ќе имаат прилика сите административни процедури да ги завршат овде, смата Захариева.

Дел од оние кои со децении живеат надвор од државата, а се попотекло од Виница, повторно се собраа заедно и дома, благодарение на првата иселеничка средба, организирана од страна на Општината и здружението „Камен мост“:

  • Ова е прекрасна можност да се видат со старите познаници и се надевам дека ова ќе прерасне во традиција, истакна Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Ваква средба во Виница се организира за првпат, а идентичен настан, веќе неколку години има на локалитетот Еленец, кај Македонска Каменица.

Извор: СтарТв Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *