ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ИЗБРА 4 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Извесрува: СтарТВ – Штип

Истокот избра 4 градоначалници во прв круг. Од ноќеска, СДСМ ја презеде градоначалничката функција во Кочани, Пехчево, Берово и Делчево. Нови градоначалници таму се Николчо Илијев, Драган Тренчевски, Звонко Пекевски и Горан Трајковски.

Најголема поддршка од гласачите доби Звонко Пекевски, кој стана нов градоначалник на Берово со 60 % освоени гласови. За него гласале 5.006, а за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ  Никола Атанасов, гласале 2. 899.

Единствената жена кандидат за градоначалник Соња Стаменкова од Македонска Каменица освои 2.437 гласови за СДСМ, наспроти 2.271 на Дарко Митевски од ВМРО ДПМНЕ.

Убедливо најголема разлика направи Илијев во Кочани кој освои 11.622 гласови или 55,8 % од вкупниот број гласови, додека кандидатот на ВМРО Ратко Димитровски, имаше 7.895 или 3.767 помалку.

  • Покажавме дека можеме да гласаме мирно и демократски. Оваа победа е вовед во хармоиничен живот за сите гражани на Кочани, без поделби, кажа Николчо Илијев, избран градоначалник на општина Кочани.

Во Пехчево, Тренчевски освои 1.680 гласови, наспроти 1.359 на Игор Поповски од ВМРО.

Горан Трајковски, нов градоначалник на Делчево  стана со поддршка од 5.100 гласови, додека за Иван Соколов гласаа 4.105:

  • Сакам да се заблагодарам на сите граѓани на Делчево, на оние кои гласаа за мене и ветувам дека она што беше ветено во изборната програма и кампањата, ќе биде и реализирано, рече Горан Трајковски, избран градоначалник на Делчево.

Во сите останати општини од регионот ќе се трча втор изборен круг, а новите градоначалници ќе се изберат на 29 октомври.

Според освоените гласови СДСМ е со предност пред ВМРО ДПМНЕ во три општини Македонска Каменица, Виница и Карбинци.

Во Виница , Ивица Димитров од СДСМ води со 5.113 освоени гласови, пред Мартин Павлов од ВМРО кој освои 4.852.

Во Карбинци, Јордан Насев освои 1.173 гласови, наспроти 825 на Зоран Минов од ВМРО ДПМНЕ.

Во останатите четири општини, предност имаат кандидатите на ВМРО ДПМНЕ.

Во Пробиштип, Тони Тоневски од ВМРО освои 4.523 гласови, наспроти 4.321 на  Драган Анастасов од СДСМ.

Блаже Станков од Зрновци, е со 791 освоени гласови , а Ванчо Митев  од СДСМ има 460.

Во Чешиново Облешево, Горанчо Зашов освои  1977 гласови, а Горанчо Крстев од СДСМ 1.938.

Најтесна и најнеизвесна е разликата во Штип, каде Илчо Захариев од ВМРО ДПМНЕ, води со 36 гласови пред Благој Бочварски од СДСМ. Захариев, освои 13.966, а Бочварски 13.930:

  • Резултатот беше целосно изедначен за цело време, неважечките ливчиња одлучија да нема победник во првиот круг. Убеден сум во победа во вториот круг, дека граѓаните веќе целосно се ориентираа за живот, кажа  Благој Бочварски, кандидат за градоначалник на Штип.
  • Сакам да им се заблагодарам на сите поддржувачи, членови и симпатизери, кои ни ја дадоа довербата. Како советници ќе работиме во нивни интерес, а предноста за градоначалник значи дека тие ги препознаа делата и она што е сторено за градот, рече Иван Јорданов, прет. на ВМРО ДПМНЕ – Штип.

На листата на советници, СДСМ освои генерално мнозинство со освоени вкупно 82 советнички мандати. ВМРО ДПМНЕ има 65; НДМ 2 и независни се 4 советници.

По општини , ВМРО има мнозинство само во советот на Пробиштип. Таму распоредот на силите е следен: ВМРО ДПМЕН 7; СДСМ 6 и 2 незвисни.

Во Штип СДСМ освои 12 мандати, а ВМРО 11. Во Пехчево, СДСМ освои 6 мандати, а ВМРО 5. Во Карбинци, СДСМ е со 5 мандати, ВМРО 3 и НДМ со 1. Чешиново Облешево доби по 5 советника од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а НДМ 1. Идентичен распоред на силите има и во советот на Зрновци каде СДСМ и ВМРО имаат по 4 советници, а еден е независен.

Во  Берово, СДСМ има 10 советници, наспроти 5 на ВМРО. Делчево е  со 9 советника за СДСМ и 6 за ВМРО, но овде се уште се спорни неколку гласови, па соодносот може да се промени во 8 со 7. Македонска Каменица има 6 советници од СДСМ и 5 од ВМРО ДПМНЕ. Во Виница 8 советници се на СДСМ и 7 на ВМРО.

Кочани има 11 СДСМ, 7 ВМРО и еден мандат освои независната листа Младите за Кочани:

  • Можеме да ветиме енергична и гласна борба во Советот. На денот на гладот, сакам да го повикам новиот градоначалник да ја поддржи нашата идеја за формирање Солидарен фонд и да се откаже од градоначалничката плата во корист на тој фонд. Ги повикувам и сите советници да го направат истото, рече Венко Крстевски, избран советник во СО – Кочани.

Вчера, на шестите по ред локални избори , во Источниот регион гласале 104.519 гласачи, што е 69,1 % од 151.134 вкупно запишани гласачи.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *