Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината
Утрово во 7:34 часот е регистриран земјотрес од локална магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала, на 115 километри источно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.
Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала.