Забрана за користење на мобилни телефони и смарт уреди во основното училиште во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24. Октомври 2023 година – На иницијатива на Советот на родители при ООУ “Св. Кирил и Методија” во Македонска Каменица, Училишниот одбор донесе Правилник за користење на мобилен телефон, смарт часовници и таблети во училиштето.

Со правилникот се уредува употребата на мобилни телефони, смарт часовници, таблети од страна на ученците, родителите / старателите, вработените и други лица во училиштето.

– За учениците користењето и носењето на мобилни телефони во училиштето од страна на учениците е строго забрането. Доколку ученик користи мобилен телефон и покрај забраната (користи мобилен телефон за време на часот, одморите, слика или снима наставници, ученици или самиот себе си, ги задржува сликте во телефонот или ги постира, споделува во приватни пораки или на социјалните мрежи) телефонот се одзема се повикува родителот на разговор кај стручните соработници, се изрекуваат педагошки мерки согласно Законот за основно образование, Правилниците и Кодексите на однесување во училиштето, – стои во текстот од правилникот на училиштето

Доколку по втор пат се одземе телефон истиот ќе биде вратен на крајот на наставната година.

Со почитување на овој Правилник, како што стои во објавата од училиштето, се овозможува успешно реализирање на воспитно-образовната работа на училиштето, се подобрува дисциплината, безбедноста, злоупотребата на приватноста во училиштето, од страна на учениците и вработените, како и делува превентивно на појава, ширење на кибернасилството во училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *