Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска кои успешно настапуваат во шампионот на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица, заедно со Денис Селими и Иле Стамболџиев ќе собираат тренерско искуство во Истанбул
Како дел од мултинационалниот проект на ФИБА во кој се вклучени и пет национални федерации, „развој на млади играчи до 13 години и млади тренери“, четири македонски тренери, Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Денис Селими и Иле Стамболџиев, на покана на турската кошаркарска федерација во наредните неколку дена ќе поминат една специфична тренерска „мини-обука“.
За време на оваа своевидна тренерска обука, нашите млади тренерск имиња ќе имаат прилика да се запознаат со работата на некои од турските кошаркарски великани, како во оние младински така и во оној сениорски сегмент на функционирањето.
Освен тоа, планирано е да се запознаат и со функционирањето на новиот спортски, односно кошаркарски комплекс и новото седиште на турската федерација, но и оние тренинг-кампуси на клубовите кои функционираат на географското подрачје како што е Истанбул, што несомнено ќе биде од голема корист за македонските тренери во процесот на надградба на тренерските знаења и вештини.