Како ден за паметење, го оценија членовите на Копачката нивниот вчерашен настап на 28. Фолклорно изворен фестивал “Гајда” Ињево 2024. Освоената втора награда на овој престижен фестивал е круна за нивната посветеност, редовните проби и тимското работење.
– Нашата автентична изведба на пијанечкиот изворен фолклор се состоеше од: Обичај „Жетвари“, со песната „Снце се слага да зајде“ во исполнение на Вида Илиевска, потоа со придружба на Мирко Симоновски на тамбура, жените го изведоа орото „Копачката“, по што тапанџиите направија езгија на тапани и мажите ги изиграа ората „Ситно“ и „Копачка“со Адријан Стаменовски-прв тапан и Ана, Матеј и Николче- придружба, – изјави Перса Стојановска од ЗФГ “Копачката” од село Драмче
Ден преполн со емоции, радост и среќа. Нашиот извонредниот настап, беше поздравен со бурни аплаузи од жирито и публиката. Во преголемата конкуренција, на десетина македонски ансамбли од трите доделени награди, нам ни припадна втората. Гордост, чест и задоволство беше да се биде денес во Ињево.
– Од ЗФГ “Копачката” искажуваат благодарност на домаќините на фестивалот- Здружението за фолклор и традиција „Ињевска гајда“ за прекрсната организација на овој обновен фестивал, како и на жирито кое знаеше да ги препознае вредностите во нашата изведба, – додава Стојановска