Градоначалникот Атанасовски го предаде во употреба возилото за потреби на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица

Градоначалникот Атанасовски го предаде во употреба возилото за потреби на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 02. Јули 2024 година – Денеска, во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица од страна на градоначалникот Димчо Атанасовски беше предадено на користење наменско возило за потребите на лицата со посебни потреби од нашиот град.
Градоначланикот Атанасовски, истакна дека набавката на возилото е реализирана како дадено ветување пред граѓаните и како дел од програмата за работа на градоначалникот и на општината.
– Реализацијата на овие проекти се со цел подобрување на условите за лекување, заштита и згрижување на граѓаните од нашата општина. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме и во иднина да спроведуваме вакви проекти согласно потребите на граѓаните и институциите во општината, – истакна градоначалникот Атнасовски
Исто така, градоначалникот Атанасовски додаде дека претходно општина Македонска Каменица изврши набавка и на возило за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица.
Директорот на Дневниот центар за лица со посебни потреби, Благој Стоименовски истакнувајќи ја одличната соработка со локалната самоуправа, упати благодарност до градоначалникот Димчо Атанасовски за спроведените заложби за реализација на овој значаен проект, како и до Советот на општина Македонска Каменица, за иницијативата со која се подобрува мобилноста на штитениците и лицата со посебни потреби во Македонска Каменица.
Возилото е набавено со средства од Буџетот на општина Македонска Каменица. За набавка на истото се издвоени приближно 2 265 000,оо денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *