Градоначалникот Атанасовски го најави почетокот од изградбата на локален пат до Чобанско маало во село Костин Дол

Македонска Каменица, 09. Јули 2024 година – Добивањето на модерна и безбедна патна инфраструктура во секое населено место од Македонска Каменица, претставува врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа, – вака градоначалникот Атанасовски ја започна најавата на изградбата на локалниот пат ддо Чобанско маало во село Костин Дол.
Започнавме со изградба на на локален пат во село Костин Дол – Чобанско маало, со должина од 1500 метри. Паралелно, вршиме поставување на нова водоводна линија за потреби на населението од овој ден на нашата општина, – вели Атанасовски во изјавата
Летната градежна офанзива, како што најавува градоналаникот Атанасовски, продолжува преку изградба на патишта и улици во останатите населени места од Македонска Каменица, како и изградба на пешачки тротоари и патеки во централното градско подрачје и приградските населби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *