Градоначалникот Атанасовски ги посети институциите во градот и субјектите од приватниот сектор по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената

Градоначалникот Атанасовски ги посети институциите во градот и субјектите од приватниот сектор по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената.

– Ми претставува огромна чест, задоволство и гордост што имам можност да го честитам Меѓународниот празник на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес во сите општествени процеси. Жените со нивната посветеност докажуваат дека сите сме еднакви и рамноправни, – истакна во таа прилика градоначалникот Атанасовски

Со скромен подарок на сите жени-вработени во општинската администрација, општинските установи и претпријатија, но и во приватниот сектор, Атанасовски им се заблагодари за трудот и личниот придонес кон заедницата.

При посетата на Атанасовски во ООУ Св. „Кирил и Методиј” од страна на учениците беше изведена пригодна тематска програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *