Во СОУ “Миле Јаневски Џингар” се одбележа Меѓународниот ден на математиката

СОУ “Миле Јаневски Џингар” го одбележа Меѓународниот ден на математиката (International Day of Mathematics), познат уште и како „ПИ-ден“

Македонска Каменица, 15. Март 2024 година – Со одлука на УНЕСКО од 2020 год денот на “Пи” е прогласен за Меѓународен ден на математиката и се слави во целиот свет.

– По повод Меѓународниот ден на математиката, во нашето училиште беше изработена презентација од страна на Михаела Стојковска и Евгенија Лазаревска, ученички од II a клас и презентирана од страна на ученичките Анастасија Гоцевска, Магдалена Ѓорѓиевска, Елена Ристова и Ирена Атанасова од III a клас. Оваа активност беше реализирана под менторство на предметниот професор по математика, Елизабета Георгиева, – истакнуваат од средното општинско училиште во Македонска Каменица. Оваа презентација беше презентарана пред учениците од II и III година.

Под менторство на професорката Даниела Атанасовска, учениците од I година, исто така беа запознаени со бројот Пи. Со причината за изборот на токму таа дата, развојот и откривањето на децималните места на бројот Пи, како и некои интересни факти за истиот.

На крајот на презентацијата учениците го проследија и видеото во кое децималите се претворени во ноти, а може да се види и слушне на линкот https://youtu.be/wK7tq7L0N8E

Исто така учениците беа запознаени со повеќе информации за Меѓународниот државен електронски натпревар кој се одржува секоја година по повод Пи-Ден. Оваа година истиот ќе се одржи на 16.03.2024 година и е од рекреативен карактер, а во него учество ќе земат ученици од СОУ “Миле Јаневски Џингар”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *