Во напредна фаза е доизградбата на главниот колектор за фекална канализација во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 05. Септември 2024 година – Со доизградба на главниот колектор за фекалната канализација општина Македонска Каменица продолжува со работните активности за унапредување на квалитетот на живот во урбаната средина од Македонска Каменица.
 
– Со овој проект првенствено овозможуваме подобрување на хигиената со поефикасно собирање и одводнување на отпадните води. Подигање на квалитетот на живот во чиста животна средина, со подобрени хигиенски услови за сите жители на нашата општина, особено на спортистите и рекреативците кои во непосредна близина секојдневно го користат новоизградениот повеќенаменски спортски комплекс. Исто така, спречуваме пропуштање на фекалните води и значително го намалуваме загадувањето на животната средина и природните ресурси на овој простор, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски, кој додаде дека Изградбата на колекторот во должина од 100 метри, е во напредна фаза и се очекува негово завршување во најкус можен рок“.

Оваа инвестиција од 499.682,оо денари, со средства обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица, е уште еден чекор кон градењето на позелена и посовремена општина за сите наши граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *