Во Каменица до 18 часот гласале 70,25% од вкупниот број на избирачи

Во Македонска Каменица, според податоците на ДИК, до 18 часот правото на глас го искористиле 4750 лица или 70,25 проценти.

Вкупно избирачи во општина Македонска Каменица според единствениот избирачки список на ДИК има 6764 гласачи. Бројките и проекциите што kamenica.mk ги доби од локалните партиски штабови во изминатиот период, покажуваат дека денешната излезеност на гласачите е со вообичаен процент. До крајот на гласањето, односно до 19:00, кога ќе бидат затворени сите гласачки места, од таму очекуваат правото на глас да го искористат над 5000 гласачи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *