А тај виц знаеш ле го…? #6 (за биковето и кравите)

На една голема фарма со над 150 крави имало само три бика и фермеро искал да купи оште еден. Старите бикове разбрали за идејата на газдата со новио бик и си праат муабет меѓу себе…

Првио:
– Ја живеа на оваа фарма пет години и на мене ми се падаа сто крави за оправјање. Нема лутење и ја нема да отстапа ни една од них и на новио бик…да си знаете и вие и он!!!
Вторио:
– Ја па ако сам тука на фармата три години, на мене ми се падаа 50 крави. И ја нема да дам ни една от них на тај новио…нека си чека ред, па после да мисли од наште крави да оправја!
Третио:
– Ја сам тука само една година и едвај стигнах до 10 крави и са да ги дам…ма нема шанси бе, ќе се тепам за секоја една од них. Кој му ебе матер…арно викате, ние како речеме тека има да е!!!


У тое момент дооди камјон и од него едвај изкаруваа еден огроооомен бик. Голем, голем… Биковето гледаа и не им се верува, тека голем и подивел бик…у живото не видували, без памет останали. Едвај го собрали у камионо за да го докараа…
Јавува се првио бик и скоро на проревување го кара и вика:
– А бе…на мене 100 крави са ми и ногу бе, право да ви кажа…некои неам време ни да ги вида, а не па да ги тимара! Нека земе од моите крави колку сака…па, на мене кои ми остаи тие! 100 крави, еле са ми потребали…кажи?
Вторио бик и он тажно вика:
– Треба да сме добри и да поделиме со блиските това што имаме…те ја нема да се лута и половин да ги земе моите крави! Еле не сме само за еден ден…и десет да ми остаи, арно ќе ми е…
Третио бик не продумува ништо, туку напрчува роговето, почнува силно да ручи и нервозно да рие со копитата  да рие поземи…
– Гледаа го овие двата постари бикове и со чудење му викаа:

– Ти улаф ле си бре? Глеаш ле ти колкав е голем и силен тај новио бик…та ќе се тепаш еле? Што се заносиш, па риеш и фучиш? Ние со по 50 и 100 крави ќутиме, ти ќе се силиш тука!!! Дај му некоа крава там и току…еби му мамата, како дојде тека!
– Кој е бе улаф да се тепа со толкав бик за крави? Шо ви е на вас? Тека и тека се ќе ги земе он, нема крави секако за нас. Не бива ќе му ги сопреме, за кравите мене ич гајле не ме е, туку…земете и вие малце ручете силно и ријте нервозно, та беќи у таа гужва примети оти сме бикове…барем ние да куртулиме! Иначе еба ни се мамата, ојдехме и ние со кравите…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *