Ојдел некој беровец на пазар у Делчево, поднапил се бааѓи и почнало да го кара на ќотек. Немало со кој да се зајаде у кафаната , излегнал пред пазаро и се развикал:
– Има ле тука мажје делчевци, шо искаа да се тепаа сo мене бе?
И те ти од там надигнали се 10-ина души делчевци, кренали да го тепаа…
Рекол им: Елате зад Домо, там че ве тепам се до еден! Мачата ваша ја да е….
Боколат домо и почнало да се слуша пискање, плачање, силно праскање…и по некое време тишинаааа.
Те го беровецо излази сам пред пазаро, делчевци ги нема. Сите го гледаа, чудат се…а он почнал па да се дере:
– Има ле бе тука оште посилни мажје ф това Делчево шо че се тепаа со мене?
Кренуваа па два-тринаесе души по него, одат зад Домо…и поново исто, ќотек, викање, дрсање…
Излази поново сам беровецо, раздрсан и он…ама удвил, ќефен! Зафанал поново да се дере по сите:
– Има ле бе тука стварно мажје бе еееееј! Че се тепа ле уште некој делчевец со мене или по ред да зафатам??? Може и од селата….некој ако иска! Со се че ве истепам…
Збрали се тое пат веќе 20-тина наапани и му кренали…ошли и тие зад домо на ќотек! Пердаф невиден, окање, ревање, пцување…коски се кршат, кошули се кинат…ужас!
Понемало, понемало некое време и те ти од там едно утекло, побегнува од ќотеко, клинка накај пазаро и на цел глас се дере:
Лажееее, лаже мамица му да еба ја негова…двајца са! Они са двајца, бегајтеееее! Двајца са зад домо…не одете веќеееее!!!