Честитки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура, напиша американската амбасадорка Анџела Агелер.
– Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД – порача Агелер во честитката до Шекеринска.
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и ќе му биде заменичка на Марк Руте.
– Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога – порача Руте.
Шекеринска претходно ја извршуваше функцијата вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година.
Веста во целост е преземена од slobodenpecat.mk