Женскиот фудбалски клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица денеска, одбележува 5 години од своето постоење.
ЖФК Каменица САСА е основана на 09 Јуни 2017 година од нашиот сограѓанин и фудбалер со богата и долгогодишна интернационална кариера, Зоран Златковски.
Иако клубот постои само 5 години, веќе е двократен Шампион во Првата женска фудбалска лига (2019/20; 2020/21) и овогодишен победник<span;> во Купот на Македонија.
Како Шампион на Македонија, ЖФК Каменица САСА во изминатите две сезони се натпреваруваше и во разигрувањата по групи од Лига на шампиони.
Покрај сениорскиот тим, во кој се вбројуваат редица на македонски репрезентативки и интернационалки од Европа и САД, ЖФК Каменица САСА големо внимание посветува и на младинските школи.
Со постигнатите врвни резултати, клубот веќе е етаблиран во фудбалската мапа на Македонија, како тим воден од сериозен, стручен и прогресивен тим, кој функционира на високо професионално ниво.