ЈП Камена Река ја спроведе екоакцијата по повод Денот на пролетта

ЈП Камена Река во соработка со останатите институции во градот успешно ја спроведе најавената екоакција организирана по повод Денот на пролетта.

“Заедно со дечињата при ЈОУДГ „Бамби“, учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“, членови на НВО секторот и наши сограѓани, на две локации во Македонска Каменица засадивме 600 садници багрем, 300 садници јавор и 400 садници јасен” – изјавуваат од ЈП Камена Река кои дополнуваат дека “садниците се обезбедени од ЈП Камена Река, а 200 садници јасен се донација од членот на Совет на општина Македонска Каменица, Слободан Велиновски”.

Кон акцијата се приклучи и градоначалникот Димчо Атанасовски, кој заедно со вработените во општина Македонска Каменица и директори на локалните институции засадија садници кај м.в Падарница.

Директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски изјави дека “Покрај засадувањето на дрвни садници, од страна на вработените во ЈП Камена Река беше реализирано чистење на излезите од градот кон Кочани и Делчево”, најавувајќи ги и следните активности на претпријатието за хортикултурно уредување на повеќе јавни простори во градот, како и акција за уредување на дворовите од детската градинка и двете училишта во Македонска Каменица.

Директорот на ЈП Камена Река, во име на вработените и заедницата упати благодарност до сите помагатели и учесници во активностите од денешната екоакција во наредниот период” најавувајќи спроведување на Програмата за јавна чистота и одржување на здрава животна средина во 2022 година, каде има предвидено организирање на редица вакви и слични екоакции.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4892520590868246&id=100003310618671

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *