Јавното птетпријатие Камена Река во Македонска Каменица воведува повисоки стандарди за хигиена и заштита на здравјето на граѓаните, со редовното дезинфицирање и перење на контејнерите за отпад.
Акцијата е дел од сеопфатен план за подобрување на чистотата во градот и за заштита на здравјето на граѓаните од општина Македонска Каменица.
Со современа опрема и еколошки прифатливи средства, тимовите на претпријатието секојдневно се ангажираат за темелно чистење на контејнерите. Овој процес вклучува дезинфекција и отстранување на непријатните мириси, што придонесува за поздрава и почиста околина.
– Целта ни е да обезбедиме повисоки стандарди на хигиена и да ја зголемиме свеста кај граѓаните за важноста на чистата животна средина“, изјави Влатко Димитровски, директор на ЈП Камена Река. Според него, редовното миење на контејнерите е еден од клучните чекори во борбата против ширењето на заразни болести и одржувањето на урбаниот ред и чистота.
Граѓаните на Македонска Каменица ја поздравуваат оваа иницијатива, надевајќи се дека нејзиното често спроведување ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот во градот.