По неколку годишната пауза од натпреварувања во бенч прес (Bench Press) и останатите слични спортски дисциплини, шампионот и светски рекордер Бошко Стаменковски од Македонска Каменица повторно им се враќа на златните медали и освоените први места на меѓународните турнири.
Викендов Стаменковски учествува на силниот меѓународен турнир во Књажевац, Република Србија каде во категорија до 83 килограми го освои Првото место во дисциплината Bench Press. Златниот медал дојде во рацете на Стаменковски по успехот да крене бенч од 120 килограми.
Упатуваме честитки за Бошко и му посакуваме нови учества на светските и европски првенства, со освоени уште многу зларни медали.