Честите прекини во снабдувањето со струја, утрово внесоа вознемиреност кај жителите на Македонска Каменица

Во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови, граѓаните на Македонска Каменица до нашата редакција, пријавуваат за чести прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во целосен прекин беше и напојувањето на градското улично осветлување, при што градот во одреден период од ноќта беше во целосен мрак.

Досега, ЕВН нема објавено соопштение за јавност, за каков вид на прекин станува збор и дали прекините ќе продолжат и во текот на денот.

Вознемиреноста на граѓаните, кои ги пријавуваат до нас проблемите со снабдувањето со електричната енергија, можеби доаѓа од честите најави за “тешка зима” предизвикана од недостаток на електрична енергија на светскиот пазар и вртоглавото поскапување на истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *