М-р Христијан Николовски доаѓа од катедрата за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип. Роден е во Делчево, а сега редовно е вработен како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ во Скопје и ангажиран како насловен доцент на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев “ Штип.
Етнокореологот Николовски е дел од реализацијата на повеќе практични работилници каде несебично го пренесува своето знаење и познавања за инструментот тапан. Тој на фејсбук објави фотографии од неговите новоизработени тапани, нешто што очигледно е негова животна пасија. Во текстот вели дека, работи трудољубиво и истрајно, а љубовта кон тапанот ја наследил од неговиот татко.
Тапанот како традиционален удирачки инструмент е присутен векови наназад во народната музика на нашите простори. Неговата изработка е сложен и макотрпен процес. Потребно е многу знаење, искуство, талент и слух за музика.
Христијан Николовски е дел од надалеку познатите мајстори за изработка на тапани од Делчево. Станува збор за музичари кои задолжителоно се едни од најдобрите мајстори за музика со овој традиционален инструмент.
Христијан е дел од Ансамблот Македонија, каде твори и работи веќе подолг временски период. Како што рековме погоре, тој е професионален музичар и вистински мајстор за свирење на тапан.
Во продолжение погледнете го видеото што Ансамблот Македонија го подготвија во Етнолошкиот дел од Музејот на Македонија:
Погледнете ги прекрасно изработените тапани од Христијан Николовски на фотографиите подолу: