Училиштата во Македонска Каменица ги отворија вратите – учениците го започнаа второто полугодие од учебната 2023/24 година
Македонска Каменица, 22. Јануари 2024 година – Двете училишта во Македонска Каменица, Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” и Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” со кратки соопштенија на социјалните мрежи ги известија учениците, дека денеска во понеделник на 22. Јануари 2024 година, започнува второто полугодие од учебната 2023/24 година.
-Од училиштата велат дека “паузата од зимскиот распуст на учениците е искористена за целосно чистење на училиштето. Исчистени се сите училници, холови, спортската сала, училишна кујна и канцелариите.
Настава во двете каменички училишта, заедно со подрачните основни училишта во руралните средини Саса, Моштица и Цера, посетуваат околу 700 ученици.
Исто така, од училиштето известуваат дека е направена дезинфекција и дератизација на целото училиште од страна на Центар за јавно здравје Кочани.
На учениците и на целиот воспитно образовен колегиум им посакуваме успешна училишна година.