Утре во Македонска Каменица шампионот Баскет Кам ја пречекува екипата на Крива Паланка

Во сабота, од 17.часот, во Македонска Каменица следува репризата на полуфиналниот Куп-дуел помеѓу нашата екипа ЖКК Баскет Кам и паланечката ЖКК Крива Паланка. Второто полуфинале се репризира во Скопје, помеѓу екипите на Вардар, кој ќе биде на „поправен испит“ со МЗТ Скопје

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Крива Паланка уште еднаш ќе го предизвика првакот

Овој викенд на програмата од Првата лига-жени се натпреварите од 4. коло од т.н. Оролоџо“. Сите четири натпревари од групата „А“ ќе се играат во саботните термини. „Отворањето“ е во Македонска Каменица, каде од 17.часот, ќе игра нашата екипа Баскет Кам 2011 и на Крива Паланка.

Овој дуел е практично репризирање на оној полуфиналниот кој пред две недели беше дел од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Во тие 40 минути, кошаркарките на Крива Паланка пружија силен отпор на фаворитот, и раната висока негатива, ја донесоа на само еден-два поседи заостанување. На крајот пресуди „подолгата“ ротација и подобрата игра на шампионот, и тоа како важна предност за избраничките на тренерот Жаклина Стојановска, во оној финален дел од сезоната кога ќе се доделува и вториот трофеј.

Половина час подоцна (17.30) следува уште еден и тоа како важен натпревар во кој победникот ќе биде поблиску до позицијата број 2, која носи предност на играње на домашен терен во две од планираните три плеј-оф серии.

 

Интересно, тоа е „пресликување“ на вториот полуфинален меч од Купот во кој играа двата скопски ривали.

Вардар е домаќин на МЗТ Скопје Аеродром во обид да ја потврди втората стартна позиција пред доигрувањето за шампионскиот трофеј. Од друга страна пак, со евентуален успех девојките во „сино-бела“ комбинација ќе се израмнат со противникот во вкупниот поредок.

Екипата на Куманово-Гризли игра со Бадел 1862 (18.00, сала „Независна Македонија“) чека пораз на екипата од Аеродром, и со успех во оваа средба, ќе стигне и на делба на третото место на табелата во пресрет на последните три кола од оваа втора фаза од првенството.

А во последниот натпревар, од 18.30 часот, во Струга, гостува кавадаречки Пробаскет, како фаворит во овие 40.минути кои ќе се играат во салата „Нико Нестор“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *