УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Македонска Каменица, 14.04.2022 година – Унгарскиот амбасадор Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс ја реализираше најавената посета на општина Македонска Каменица. Во рамки на посетата, оствари работна средба со градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
“Ги презентиравме потенцијалите за економски развој на Општина Македонска Каменица, за можностите за продлабочување на соработката помеѓу нашата и општини од Унгарија, но и за начините за привлекување на унгарски инвеститори” – изјави градоначалникот Атанасовски по завршувањето на работната средба
Соработката, како што стои во соопштението за јавност, ќе биде интензивирана и на културен и образовен план, а сите позитивни искуства од Унгарија ќе бидат имплементирани во нашата општина.
Во наредниот период ќе оствариме уште многу вакви средби и промоцијата на Македонска Каменица ќе биде уште поинтензивна, – дополни градоначалникот Димчо Атанасовски во изјавата
Кон крајот на минатата година, општина Македонска Каменица беше домаќин на карванот на Унгарскиот културен мозаик, каде беше промовирана унгарската култура, песна, игра и надалеку познатата унгарска гастрономија. Во рамки на манифестацијата беше прикажан и краткометражен филм за директниот придонес на унгарската заедница во нашата држава и влогот на редица генерации Унгарци во градењето на Република Македонија.