Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод прием на должност Командант на воздухопловен ВИНГ (вВИНГ).
Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање командантот на Команда за операции (КО), бригаден генерал Бесник Емини, истакна дека пред него стои обучен и високо мотивиран колектив кој до сега се има справено со секаков вид на задачи и секојпат биле извршени на највисоко ниво, при што им се заблагодари за залагањето и професионалноста, а на потполковник Стоименовски му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност, со желба за постигнување на уште поголеми резултати во наредниот период.
Новопоставениот командант потполковник Игорчо Стоименовски е роден во Македонска Каменица и е наш поранешен сограѓанин, се заблагодари за укажаната доверба да командува и работи со врвни професионалци при што истакна дека и во иднина ќе продолжат со добрата работа и ќе се трудат да постигнат уште позначајни резултати.
Исто така, Стоименовски истакна дека ќе ги искористи знаењата и искуствата од досегшното работење, при што очекува поддршка и ангажирање од сите припадници од вВИНГ, во реализација на мисијата и задачите на единицата, со што ќе ја оправда дадената доверба за раководење со оваа единица.
На свеченоста присуствуваа: Командантот на КО, претставници од Генералштабот на Армијата, началници на секции во КО, команданти на единици во Армијата и поранешни команданти на оваа единица.