Татко пронашол срамни фотографии во телефонот на неговата 11-годишна ќерка. Ги направил и со неа ја уценувал малолетник од Пробиштип

Незрелост, неодговорност или можеби поместени граници на морал и воспитување, во крано незгодна состоја доведоа две семејства до Пробиштипско.

Се започнало откако татко, во телефонот на својата одвај 11-годишна ќерка пронашол фотографии со компромитирачки материјал. По долг и тежок разговор, девојчето признало дека  во незгодна и срамна положба, неа ја сликало друго малолетно момче, кое потоа го уценувал девојчето дека истите ќе ги објави на фејсбук. За тоа да не се случи, ја присилувал, да излегува со него.

Што на тие средби се случувало и до каде отишла работата меѓу двете , се уште деца, е работа која ја истражува полицијата, откако таткото случајот го пријавил кај нив.

Со двете деца е разговарано во присуство на нините родители, а девојчето веќе е однесено и на гинеколошки преглед во Штип. Резултатите од истиот ги знаат само полицијата и семејството на девојчето.

страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко.

Случајот се уште е во фаза на истрага  засега од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека ПС-Пробиштип презема мерки за расчистување на истиот.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *