Од Општина Македонска Каменица информираат дека работат на поставување на нова водоводна и канализациона мрежа во Стара Каменица. Станува збор за активност која трајно ги решава овие децениски комунални проблеми на жителите од тој дел на градот.
– Со овој зафат завршуваме дел од инфраструктурните активности во овој дел од градот. Продолжуваме во иднина посветено и рамномерно да ги градиме и развиваме сите делови од градот земајќи ги во предвид приоритетите и потребите на населението, – изјави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Новата водоводна и канализациона линија во Стипцарско маало е со должина од скоро 500 метри и ги решава комуналните инфраструктурни проблеми на 15 домаќинства од овој приградски дел од Македонска Каменица.
Извор на веста Општина Македонска Каменица