Во рамките на проектот “Себе си во походи” одобрен од Министерството за култура, НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО Р.СРБИЈА и ЗГМНЗ “Илинден” Јабука организираа интерактивна работилница за најмалите ученици од ОУ “Гоце Делчев” од Јабука.
Специјални гости од Македонија беа младата илустраторка Софија Ситновска од Македонска Каменица и Миле Ѓорѓијоски од Делчево, еден од најпознатите македонски афористичари, обајцата постојани соработници на НИУ “Македонски информативен и издавачки центар”, Панчево. Исто така, на настанот беа присутни и Хистина Деолска, сликарка, поетеса и врвен ентаустичар и Влатко Ситновски, поет.
– Најмалите научија многу за афоризмот, нови сликарски техники, се запознаа со убавините на Македонија низ поезијата, а најдобрите илустратори ќе бидат објавени во заедничка Сликовница на илустрации на ученици од ОУ “Гоце Делчев” од Јабука – стои во објавата на фб профилот од Националниот совет на Македонците во Р. Србија
Во рамки на настанот беше промовирана книгата “Палави афоризмичиња” од Миле Ѓоргијевски и изложба на илустрации на Софија Ситновска, исто така во организација на Националниот совет на Македонците во Република Србија.
Повеќе на РТВ Панчево, РТВ Дунав, “Македонска Виделина” и “Зуница” и Макинфо порталот