Слога Виница останува лидер во Втора лига – Исток

Петте второлигашки мечеви на Истокот завршија со победи на домашните, а најдобрите четири кои се борат за местата за Прва лига триумфираа без да примат гол во денешното прво коло од последниот круг во второлигашката источна конкуренција.

Најмногу се мачеше лидерот Слога Виница против Пехчево, па дури во завршницата, на десет минути пред крајот го скрши отпорот на противникот за да победи и да остане на првото место на табелата.

Победа како и Слога Виница победи минимално со 1-0, а сѐ реши Филип Димоски во 29-та минута. Исто со минимален триумф славеше и Каменица Саса на домашен терен против Братство Житоше со гол на Дарко Алексоски во 24-та.

Од кандидатите за Прва лига, „најубедлива“ беше Беласица, која со 2-0 го победи Детонит јуниор со головите на Милушев и Сулев во период од седум минути на почетокот на вториот дел.

Најубедлив беше Осогово во Кочани кој со 6-0 го распарчи фенерџијата Локомотива од Градско.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Каменица Саса – Братство Житоше 1-0, Победа – Кожув 1-0, Слога Виница – Пехчево 1-0, Беласица – детонит јуниор 2-0, Осогово – Локомотива 6-0

ТАБЕЛА: Слога Виница 42, Победа 40, Беласица 39, Каменица Саса 37, Осогово 26, Пехчево 22, Кожув 22, Детонит јуниор 20, Братство 13, Локомотива Г. 6

Izvor: Sport1.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *