Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова го унапреди бригадниот генерал Сашко Лафчиски во генерал-мајор и го постави за началник на генералштабот на армијата, соопштија од нејзиниот кабинет.
Оттаму додаваат дека поради истек на мандат е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој е поставен за советник на началникот на генералштабот за борбена готовност и операции.
Од претседателскиот кабинет велат дека свеченото примопредавање на должноста началник на генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.