Жител на Калузлија се обидел да ја силува својата соседка во село Калузлија, општина Карбинци. Повикот за помош го слушнала нејзината свекрва во моментот, кога пријавениот почнал да ја удира и се обидувал да ја силува. Таа, го повикала сопругот, односно нејзиниот син кој за кратко се појавил на лице место. Во тој момент, насилникот со моторна пила тргнал кон сопругот со намера да му нанесе повреди, во што за среќа не успеал.
Инаку, станува збор за насилник од село Калузлија со иницијали А.М. на 31 годишна возраст. Од денес, тој е со две кривични пријави од полицијата – „силување во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Освен во случајов, СВР Штип поднесе кривична пријава и на 22-годишниот А.М. од Радовиш, кој на Исарот во Штип силуваше 13 годишно девојче.