Денеска, 28-ми јули, петтa недела по педесетница, Православната Црква ги празнува Светите Оци учесници на Шесте Вселенските Собори
Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.
После читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа.
За време на Литургијата верниот народ ги прими Светите Божествени дарови.