ФК Каменица Саса денеска го одигра најавениот контролен натпревар со Осогово во Кочани каде нашата екипа беше подобра со 1:2.
Стрелци на головите за екипата од Македонска Каменица беа Бурим Алиев и Тони Мичковски. Двата гола за екипата на Саса беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Претходно, домаќините го отворија резултатот уште во првото полувреме од мечот преку голот на капитенот на домашната екипа, Тоше Манов.
Следниот контролен натпревар екипата на ФК Каменица Саса го игра со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Натпреварот е од хуманитарен карактер. Истиот се игра во недела на градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток од 17:30 часот.