Просечната плата во Европа достигнува до 7.000, во регионот до 2.000, а во Македонија ни до 1.000 евра

Просечна плата во Европа стигна до 7.000, во регионот 2.000, а ние не можеме да дојдеме ни до 1.000 евра!

Од поранешни југословенски републики сме на последно место според висината на просечната плата, а ние сме и на дното во регионот каде што просечната плата во некој земји достигнува 2.000 евра. Проблем е што кај нас работодавците се држат за минималната плата и сметаат дека и другите плати треба да се движат околу минималната плата. Но, не е така, минималната плата треба да биде пресметковна основна единица врз основа на која треба да растат сите плати. Ние сите ги сведовме на минимална плата и затоа луѓето си заминуваат од државата, вели за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател на ССМ

 

Во Европа просечните плати стигнуваат до 7.000, во регионот до 2.000, а во Македонија не можеме да дојдеме ни до 1.000 евра. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека и според просечната и според минималната плата сме последни во регионот. Ако порано бевме на петто место, в седумте поранешни југословенски републики, сега сме на седмо место според висината на просечната плата. Највисока плата има Словенија каде што изнесува над 1.500 евра, а најниска Македонија со 700 евра.

-Од поранешни југословенски републики сме на последно место според висината на просечната плата, а ние сме и на дното во регионот каде што просечната плата во некој земји достигнува 2.000 евра. Проблем е што кај нас работодавците се држат за минималната плата и сметаат дека и другите плати треба да се движат околу минималната плата. Но, не е така, минималната плата треба да биде пресметковна основна единица врз основа на која треба да растат сите плати. Ние сите ги сведовме на минимална плата и затоа луѓето си заминуваат од државата, вели за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Европа одамна е далеку пред нас, но последниве години не претркаа сите екс ЈУ-републики и земјите од регионот. Поради тоа најголем дел од нашите работници во угостителството и туризмот заминаа на работа во Словенија и Хрватска, а оние од градежниот сектор во Србија за повисоки плати.

Целиот текст прочитај го ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *