Појава на изумрена риба во долниот дел од Калиманско Езеро

Појава на изумрена риба во долниот дел од Калиманско Езеро

Македонска Каменица, 07. Август 2024 година – Според информациите добиени од ЗРСК “Шаран” во езерото Калиманци, забележана е појава на изумрена риба. Појавата е забележана вчера, во долниот дел од езерото на приближно 300 метри од браната Калиманци, кај место викано Гашова нива.

 

 

– Од наша страна, појавата е пријавена во МВР и Обвинителството. Чекаме да биде извршен увид од инспектор за животна средина. Како концесионери не сакаме да шпекулираме за причините за настанатата појава, се додека не стигнат официјални резултати, – истакна Горан Стоименовски, претседател на ЗРСК “Шаран” од Македонска Каменица

Пред неполн месец, слична појава со изумрена ситна риба беше забележана во река Брегалница. Тогаш делчевскиот општински инспектор, Љупчо Симоновски истакна дека според направениот увид на лице место, станува збор честа појава во овој дел од годината, поради намален водостојот во река Брегалница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *