На 47-годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации почина новинарот Саше Димовски.
Во неговата кариера известуваше за случувањата во правосудниот систем. Димовски беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување.
Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и ТВ 24 Вести. Работел во неделникот и дневниот весник „Фокус“ на позиција новинар и уредник. Соработувал со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални ТВ медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот СВЕДОК од 2015 година.