По иницијатива на свештенството во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, со благослов на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г.Марко се постави подно греење, – стои во сооопштението од Делчевско – каменичката епархија
На овој начин се реши деценискиот проблем со греењето во храмот. Од Делчевско – каменичката епархија се надеваат, дека присуството на верниците за време на Богослужбите ќе биде поголемо, заради подобрување на услови во храмот.
Од таму, упатуваат благодарност до свештенството и екипата која го поставуваше подното греење и за несебичното залагање во овој проект.