Поставено е новото црковно ѕвоно на камбанаријата во храмот “Успение на Пресвета Богородица” донација од градоначалникот Димчо Атанасовски

Вчера, на Велики Понеделник беше поставено новото црковно ѕвоно на камбанаријата во Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во нашиот град Македонска Каменица.

– Новото црковно ѕвоно веќе поставено на црковната камбанарија, Епископот делчевско – каменички г. Марко го освети на 24. Март о.г. Тогаш, при чинот на обраќање кон присутните, Епископот г. Марко искрено се заблагодари кон донаторот на црковното ѕвоно, градоначалникот Димчо Атанасовски кој самоиницијативно и со сопствени сретства го набави црковното ѕвоно, – стои во соопштението од свештенството објавено за таа прилика

– Се надеваме дека новото ѕвоно ќе ја збогати милозвучноста на црковните ѕвона и долги години ќе биде прекрасен гласник, кој ќе го повикува верниот народ на молитва, – додаваат од свештенството при храмот во Македонска Каменица

Свештенството при храмот упатувајќи благодарност до општествено одговорната компанија од нашиот град, Адри Груп за поставувањето на ѕвоното, вчерашниот ден го означи како голем ден за градот Македонска Каменица!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *