Живот во куќа направена од контејнери за транспорт, сместена во пустината можеби не им звучи забавно на сите, но архитектот Џејмс Витакер се потруди да ја направи оваа куќа подеднакво фасцинантна и од надвор и од внатре.
Куќата од 200 метри квадратни содржи кујна, дневна соба и три спални соби со бањи, направени од контејнери за транпорт споени под разни агли, што дава илузија на расцветан цвет среде пустината или структура што не припаѓа на овој свет.
Кога ќе биде завршена, куќата ќе се напојува со соларна енергија преку панелите поставени на покривот на гаражата.