Откако секна водата за наводнување од АД Водостопанство „Брегалница“, земјоделците од општините Свети Николе и Лозово, денеска во 12:00 часот, целосно го блокираа експресниот пат Штип – Велес, кај местото викано Овче Поле. Блокадата траеше два часа, а причина за тоа е што немаат вода за наводнување на своите ниви од хидросистемот „Брегалница”. Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов, потврдува дека од понеделникот е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот Регион и дека се следи план за наводнување. Јонче Додевски, земјоделец од селото Црнилиште, укажува дека имале вода за наводнување на земјоделските култури само во текот на викендот, дека им се сушат нивите, а имаат вложено големи пари во бостан, детелина, тутун и во лозја.
Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово, денеска во 12:00 часот, целосно го блокираа експресниот пат Штип – Велес, кај местото викано Овче Поле. Блокадата траеше два часа, а причина за тоа е што немаат вода за наводнување на своите ниви од хидросистемот „Брегалница”.
Поради хаосот што настанал на овој пат, во еден моментов блокадата била тргната од едната коловозна лента и полициски службеници го регулирале сообраќајот.
Јонче Додевски, земјоделец од селото Црнилиште во Општина Свети Николе, револтирано кажа дека повод за протестот и блокадата е што немаат вода за наводнување на нивите во моментот кога е најпотребно за посевите. Тој укажува дека имале вода за наводнување на земјоделските култури само во текот на викендот. Според него, земјоделците од Овчеполскиот Регион оправдано реагираат и се на протести, оти имаат вложено пари во бостан, детелина, тутун и во лозја, кои треба да се наводнуваат, а за што редовно му плаќаат на АД Водостопанство „Брегалница“.
Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов, потврдува дека од понеделникот е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот Регион и дека се следи план за наводнување.
– Имаме рестрикции на водата и план за наводнување. Изминатиов период, во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме. Во текот на викендот, земјоделците имаа вода за да ги наводнуваат своите ниви, кои, според пријавеното, треба да бидат околу 3.000 хектари – вели Богатинов.
Тој посочи дека во моментов водата од системот за наводнување се пренасочува кон нивите под ориз во Кочанско-виничкиот Регион, бидејќи, по прскањето на нивите под ориз, сега е потребно да бидат наполнети со вода. Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кој му треба санација, но и долгорочно решение, како што е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување. Регионалната подружница кубури и со стручен кадар, кој треба да работи на терен.
Извор на вест: vecer.press.mk