Општинската организација на Црвен крст – Делчево организира крводарителска акција во Домот на култура во Македонска Каменица
Крводарителската акција, ќе се одржи во петок, на 07. Јуни 2024 година, со почеток во 09:30 часот, до 14:00 часот.
-Оваа акција е со цел да се помогне на луѓето на кои им е потребна крв, за да останат во живот, бидејќи потребата од крв е универзална, велат од Општинската организација на Црвен крст – Делчево.