Општина Македонска Каменица започна постапка за јавна набавка со која ќе изградиме главен колектор од село Моштица до Македонска Каменица и фекална канализација во село Моштица – Крак 3
– Проектот има проценета вредност од 6.120.000,00 денари, со предвиден рок на изградба од 180 денови.
Наша цел, во согласност со Законот за јавни набавки е да обезбедиме највисок квалитет на услугата и најповолен понудувач со најниска цена, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски
Како што стои во продолжението од текстот, станува збор за проект со клучно значење за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и зголемување на грижата за општата здравствената состојба на населението. Реализацијата на истиот овозможува ефикасно собирање и одведување на отпадните води од овој дел на село Моштица и нивно поврзување со главната фекална канализација во Македонска Каменица.
Градоначалникот Атанасовски изрази уверување дека со оваа инвестиција ја оправува дадена доверба од граѓаните и дека со спроведувањето на овој проект се прави уште еден чекор кон поубава и поквалитетна иднина за сите жители на Македонска Каменица.
Линк до огласот на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН): https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/73ebb2c2-16e0-4e04-8e21-9f3418dc392e/14