Македонска Каменица, 03.10.2022 година – Од денеска, 03.10.2022 година започнува поднесувањето на Барања за исплата на еднократна парична помош во висина од 20.000 денари за сите средношколци запишани во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во гимназиско образование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка. Пријавувањето ќе трае до петок-28.10.2022 година.
Барања за овој тип помош можат да се поднесат во архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден до 15.30 часот. Образецот-барање за аплицирање се пополнува во просториите на Општина Македонска Каменица, а во прилог се доставуваат следниве документи:
1. Потврда во оригинал за запишан ученик во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во гимназиско обрзаование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка;
2. Фотокопија од извод од матична книга на родените (за ученикот);
3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од
родителите/старателите;
4. Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател.
„Општина Македонска Каменица ја воведува оваа мерка со цел зголемување на бројот на ученици кои се запишуваат во средното општинско училиште, а веќе од наредната учебна година ќе биде воведена финансиска поддршка за сите ученици во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, – стои во објавата од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски каде ја истакнува својата определба “обезбедување на финансиска поддршка за цело времетраење на образовниот процес со што значително ќе се подобри економската состојба кај нашите жители, а ќе влијаеме и на минимизирање на социјалните разлики“.
СОУ „Миле Јаневски Џингар“ има околу 150 редновно запишани ученици во гимназиско образование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка која е дел од проектот на дуално образование.