Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица, според претходно утврден Правилник за условите, постапката и начинот на распределба, градоначалникот Димчо Атнасовски, го објави Јавниот повик за финанскиска помош за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани.
До Јавниот повик можете да пристапите ОВДЕ, а содржината на истиот ви ја пренесуваме во целост:
ЈАВЕН ПОВИК
- Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година, упатува Јавен повик до сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, за доставување барање за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година.
- Јавниот повик се однесува за спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.Сите заинтересирани правни субјекти од точка 1 кои сакаат нивните активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да достават барање до Општина Македонска Каменица.
- .Со барањето Спортските клубови и спортски здруженија, кои ќе се пријават на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
- решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт (копија);
- годишна програма за работа во тековната година;
- извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства);
- листа со спортските успеси кои ги постигнале во последните две години, поткрепена со докази;
- листа на регистрирани членови на спортски клубови и здруженија за тековната натпреварувачка година;
- официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во последните две натпреварувачки години.
*Правни лица во областа на спортот кои ќе се пријават на јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Македонска Каменица кон пријавата треба да достават:
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
- програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација;
- извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства).
- Здруженијата на граѓани кои ќе се пријават на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
- решение за упис во Регистарот на здруженија и фондации (копија);
- годишна програма за активности во тековната година;
- извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства);
- профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти;
- предлог-проект;
- изјавa од одговорното лице на здружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.
Пријавата и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица, по пошта или во електронска форма.
Пријавата и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака ,,Не отварај* и со назнака ,, за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот,,.
Пријавата се доставува во еден примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на пријавениот.
Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот,,.