Одржана основачка конференција на Движењето ЗНАМ во Македонска Камемица – избрани се претседател, сектетар и останатите органи и тела на партијата

Македонска Каменица, 17. Октомври 2024 година – Вчера, во Македонска Каменица се одржа основачка општинска конференција на партијата Движење ЗНАМ – за Наша Македонија!

На настанот присуствуваа потпретседателот и пратеник во Собранието на Република Македонија, Павле Арсоски и членовите на извршниот одбор, проф. Катерина Тодороска и Марин Алексов.

Од Општинската организација на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија ја објавија избраната структура на партијата во Македонска Каменица. За претседател е избран Ѓоко Стаменковски, а за секретар е избран Слободан Велиновски. Избрани се и членови на извршниот и надзорниот одбор на Општинската оргaнизација.

Нашиот тим на посветени и стручни луѓе кои ќе работат за доброто на нашата општина и држава. Ова е само почетокот на заедничката работа за посилна и поуспешна Македонија! Продолжуваме заедно напред со иста енергија и посветеност за подобра иднина, – велат од Движењето ЗНАМ – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *