Во среда Стопанската комора за енергетика на Македонија во среда ќе одржи вонредно собрание со единствена точка „Покренување на иницијатива и почеток на собирање на потписи на граѓани и компании“ за одземање на сите лиценци на ЕФВН во Македонија.
Од оваа комора велат дека покрај лиценците се бара и национализирање и враќање во електро дистрибутивната мрежа во државна сопственост; одземање на цел имот на ЕВН ( хидроцентрали, објекти, згради и останато ) и враќање во државна сопственост; враќање на нелегално стекнати финансиски средства, како и парични казни за направените штети на граѓаните и компаниите во државата.
Покрај ова, со иницијкативата се бара и утврдување и покренување на кривични постапки „против сите лица инволвирани во нелегално стекнати имоти и финансиски средства на ЕВН и нејзините подружници“.
„По донесените заклучоци од седницата на собранието, ќе се отпочне на правен и легален начин собирање на потписи кои сметаме дека ќе ја надминеме потребната бројка од 10.000 потписи и веруваме дека за овој државен проблем треба да се потпишат сите граѓани“, велат од Стопанската комора за енергетика на Македонија.
Извор: mkd.mk