По повод 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Градоначалникот на Општина – Димчо Атанасовски во својот кабинет ги прими членовите на невладината организација ЦПЛИП “Порака“ од Македонска Каменица.
Тој ја изрази својата благодарност кон ова хуманитарно здужение за акциите што ги превземат за да им помогнат на маргинизираните групи на граѓани.
На средбата Градоначалникот истакна дека, “Според Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост која Република Македонија ја потпиша и ратификува уште во далечната 2007 односно 2011 година, треба уште многу да работиме на градење партнерство со лицата со попреченост преку Невладините организации и бизнис секторот со што поенергично ќе ги рушиме бариерите кон инклузијата и еднаквоста на овие наши сограѓани”.
По средбата заедно ги посетија домовите на дел од Најранливата група на граѓани и поделија симболични хуманитарни пакети.
Извор на текст и фотографии: