Огромен пожар во непосредна близина на село Истибања. Гори ниска шума од околните блиски ридови и дел од имотите во атарот на селото. Иако пожарот трае од пладневните часови на вчерашниот ден, па се до сега, истиот не е локализиран. Екипите се на терен, но заради непристапниот предел, гаснењето на пожарот е отежнато, скоро ѐ и невозможно на поедини делови. Сеуште се утврдуваат причините за настанувањето на пожарот како и штетите од истиот.
Загрозените жители на селото ги чека долга и будна ноќ во борбата против огнената стихија.
Фото: Драган Костовски
Во текот на утрешниот ден ќе споделиме нови информации, веднаш штом истите ќе пристигнат до нашата редакција.