Облачно, свежо и врнежливо

Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Македонска Каменица облачно, свежо и врнежливо, повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Од УХМР информираат дека на некои места се можни и поројни врнежи и со над 30 литри дожд на метар кавдартен. Претстојнава ноќ облачноста ќе се намали и од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. Утринските температури за време на викендот ќе бидат над нулата, а потоа само понекаде ќе се спуштаат и до некој степен под нулата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *